Унија на средношколци: Пленумот е пара организација без легитимитет

Унијата на средношколци на Македонија е единствениот легитимен претставник на средношколците во Република Македонија. Пленумот е пара организација без легитимитет и кредибилитет. Нема никаква правна, ниту институционална форма, односно не се регистрирани како организација. Тоа е спонтана група која има политичка цел да ги злоупотреби средношколците и да ги направи политички инфантилни и да ги деградира.

Ова беше нагласено на прес-конференцијата за медиуми што денес Унијата на средношколци на Македонија ја одржа.

– Токму затоа и на тие што денес протестираа, а и на нивните ментори ќе им порачаме – тргнете ги рацете од средношколците! Ние не сме политички вазали и престанете да ни ја навредувате интелигенцијата, истакна Ѕвонко Селев претставник на Унијата на средношколци на Македонија.

Тој нагласи дека Унијата на средношколци на Македонија во име на средношколците постигна договор со Министерството за образование и наука.

– Нашата цел е постигната. И тоа е заеднички успех! Математиката ќе се полага алтернативно. Нема да биде задолжителна за сите учениците, туку ќе ја полагаат само оние ученици коишто одбрале да бидат математичари, рече Селев.

Тој на наставничкиот пленум, кој како што рече е исто така организација без идентитет, некоја од десетиците пленуми кои се формираа со еднократна намена, а кој испрати обвинување дека наводно не сме биле легитимни, им порача:

– Не само што сме легитимни, не само што сме и легална организација, нешто што наставничкиот пленум никогаш не бил, туку доколку промаршираме по улиците тогаш сме сигурни дека наставничкиот пленум од срам нема никогаш да се појави во јавност.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.