Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Светскиот ден на детето

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во сите Општински комитети со организација на најразлични активности, настани и трибини го одбележа Светскиот ден на детето.

Во рамки на одбележувањето дел од Општинските комитети на Унијата на жени направија посета на дневните центри за згрижување на деца.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи со организација и поддршка на децата кои се иднината на Република Македонија.