Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Кисела Вода заедно со претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова направи посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.

unija_zzeni_2

За мене е особено задоволство што денес имавме можност да бидеме во Дневниот центар за згрижување на лица со церебрална парализа. Оваа посета на центарот ја правиме во пресрет на големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден и со желба да дадеме свој придонес за што повеќе насмеани детски лица. При нашата посета, дониравме средства кои се потребни на центарот за работа со штитениците од истиот – изјави Даниела Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

unija_zzeni_3

Со посетата на Дневниот центар за лица со церебрална парализа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја започнува агендата на активности и настани кои ќе ги спроведе во пресрет на Велигденските празници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.