Уништена најголемата фабрика за бомби на ИД

Во воздушен напад во Ирак целосно е уништена една од најголемите фабрики за бомби на припадниците на екстремистичката ИД, а како што соопштуваат официјалните власти, експлозијата се слушнала на километри оддалеченост.

Во нападот била погодена фабриката на влезот во градот Хави во северен Ирак, која се користи за полнење на возилата со експлозив за самоубиствените и другите напади на ИД.

– Фабриката во која имаше тенкови, оклопни возила и голема количина експлозив, беше „најголема фабрика во Ирак и во Сирија“, вели за АФП претставник на војската на Ирак.

Тој додава дека во експлозијата загинале голем број припадници на ИД, но дека има жртви и меѓу цивилното население.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.