Уништена нова урбана опрема во Велес

На повеќе јавни места и паркови во Велес целосно или делумно е оштетена новата урбана опрема, за што локалната самоуправа секоја година издвојува големи суми пари од буџетската каса.

Градоначалникот Славчо Чадиев информираше дека во градот во повеќе паркови и на тротоарите целосно се уништени 50 клупи и повеќе корпи за отпадоци, како и детски лулашки и други реквизите од  детските игралишта.

– Поради тоа локалната власт е принудена да превземе поригорозни мерки, односно прекршочни пријави против вандалите на урбана оптема, како и поставување на камери, потенцира Чадиев и додадава дека со тоа ќе може и навреме да се реагира против сторителите.

Градот за оваа година ќе издвои многу повеќе од буџетската каса од ланските 15 ипол илјади евра за оваа намена.