Уништени три рафинерии под контрола на џихадистите во Сирија

Три импровизирани нафтени рафинерии беа уништени денеска на територија под контрола на џихадисти во Сирија, соопшти сириска група за набљудување.

– Најмалку три импровизирани рафинерии под контрола на Исламска држава во регионот Тал Абјаду се уништени во текот на ноќта. ИД преработуваа сирова нафта и ја продаваат на турски купувачи, тврдат од Сирискиот центар за човекови права.

Пред почнувањето на нападите врз упоришта на ИД, аналитичари тврдеа дека џихадистите имаат околу три милиони долари дневно од приходи од нафта бидејќи на територии под нивна контрола експлоатираат 80.000 барели нафта. Сириското Министерство за нафта тврди дека преработуваат околу 17.000 барели нафта дневно. Најновите удари следуваат по најмалку десетина удари од четвртокот врз инфраструктура за нафта на џихадисти во источна Сирија.