Уништување на сириското хемиско оружје

Организацијата за забрана на хемиското оружје соопштила денеска дека околу 700 тони хемиски материјал е испорачан на сепицијализираните установи за нивно уништување во Британија, Финска и САД.

„Сите 1300 метрички тони хемикалии отстранети од Сирија се предадени на уништување надвор од земјата“, соопштиле од одрганизацијата.

Останатите околу 600 тони хемиски арсенал кој го пријавила Сирија, моментално се уништува на американскиот воен брод на тајна локација на море.