Свет

Уништени 290 тони увезена храна во Русија

Уништени 290 тони увезена храна во Русија
Уништени 290 тони увезена храна во Русија

Двесте и деведесет тони увезена храна во Русија денес е уништена.

Овие прехрамбени производи се опфатени со санкции, а одземени се 407 тони храна.

Денес стапи на сила декретот за уништување храна во Русија, опфатена со ембарго. Документот е потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Производите увезени во Русија и опфатени со ембарго можат да бидат уништени на кој било начин согласно еколошките регулативи, пренесува МИА.

Неколку западни земји, вклучувајќи ги САД и членките на ЕУ, неколку пати воведоа санкции против Русија поради нејзиното наводно учество во кризата во Украина. Москва, која ги негираше таквите тврдења, одговори со забрана за увоз на храна од земјите кои ги воведоа санкциите.

Нови санкции на Русија кон ЕУ воведен во јуни

Русија ги воведе новите санкции против земјите од ЕУ како одговор за продолжувањето на санкциите кон Москва за уште шест месеци.

Тогаш рускиот министер за економија, Алексеј Уљукаев истакна дека „Москва веројатно ќе го прошири ембаргото на храна“.

Владите на земјите-членки на ЕУ претходно се согласија да ги продолжат економските санкции против Русија до 31 јануари следната година, а Москва најави дека ќе одговори на таквата одлука на ЕУ.

Кои земји ќарија на ембаргото на Русија кон ЕУ и САД?

Забраната за увоз на храна од ЕУ и САД во Русија доведе до драстично зголемување на увозот од земјите што не се погодени од руското ембарго.

Поради ембаргото што Русија го постави кон Западот, пазарот на храната во оваа земја целосно беше преструктуриран. Во првите четири месеци од годината, според статистичките податоци на Руската царина, значително е зголемен увозот од земјите што не се на „црната листа“.

Некои од овие земји остварија сосема неочекувано ниво на увоз. На пример, Турскиот увоз на месо во Русија се зголеми за 940 отсто во периодот од Јануари и Април 2015, што е неверојатно зголемување во однос на истиот период минатата година. Турција со ова стана третиот по ред најголем снабдувач на рускиот пазар по Беларусија и Бразил.

Колумбија стана лидер по порастот на доставата на сурово месо во Русија, затоа што испораките пораснаа за повеќе од 1.000 отсто во првите четири месеци од 2015-та.

Во меѓувреме, Пакистан го презеде водството на пазарот за зеленчук во Русија со повеќе од 18.000 тони зеленчук увезени во Русија, што е зачудувачки многу повеќе од првиот квартал на минатата година, ако се земе во предвид дека тогаш биле увезени само околу 100 тони зеленчук.

И покрај влошувањето на односите и политичките тензии помеѓу Русија и Украина увозот на некои производи од Украина драстично е зголемен. Увозот на сурово месо пораснал за 141 процент.

 

 

Во Омск, Русија почна да се произведува тоалетна хартија на која е отпечатен текстот на санкциите што ЕУ ги воведе против Русија на 12. 09. 2014 – та година.