Унгарија: Уништени полиња со ГМО пченка (видео)

Во Унгарија се уништени полња со ГМО пченка. Властите лоцираа и уништија околу 1.000 акри пченка. Во Унгарија ГМО семињата се забранети заедно со другите генетски модифицирани состојки.

Околу 1.000 акри пченка најде за која се верува дека е ГМО се уништени низ Унгарија, изјави заменик државниот секретар на Министерството за рурален развој Лајош Богнар.

Тој нагласи дека ГМО пченката е изгорена целосно, но дека поленот не се шири од неа.

Во Унгарија редовно се прават проверки на ГМО семиња иако трговците се обврзани да се осигураат дека производите не се генетски модифицирани.

Слободната размена на стока во ЕУ значи дека властите нема да истражуваат како семињата пристигнале во Унгарија, но тие ќе направат проверка каде може да се најдат такви семиња, изјави Богнар.

Регионалното радио соопшти дека најголемите меѓународни компании за производство на семенски материјали се погодени затоа што постои можност ГМО семињата да се засеани на илјадници хектари во земјата.

Кога фармерите дознале дека одгледуваат ГМО семиња, самите се пожалиле и го поддржале уништувањето на нивните посеви. Тие биле вознемирени затоа што наместо безбедни, им биле дадени ГМО семиња.

Во мај 2015-тата Унгарија не одговори на новата ЕУ легислатива со која ГМО производите станаа легални во сите земји, освен ако самите не се спротистават на тоа.