Овие хороскопски знаци самите си ги уништуваат љубовните врски

Постојат хороскопски знаци што несвесно самите себе си ги уништуваат љубовните врски, дознајте дали и вие сте меѓу нив.

По секое раскинување плачете и се прашувате зошто во животот се ви оди добро освен љубовта. Вашиот емотивен живот не е обичен хорор филм во боја, туку пропаднато Римско царство на љубовни врски.

Си замислувате дека можеби некој ве урочил или некој фрлил магија врз вас па затоа доживорно ќе останете сами. За тоа не е виновен никој друг, туку ѕвездите и хороскопот.

Овие три хороскопски знаци буквално самите себе си ги уништуваат љубовните врски.

Бик

Себе си се гледате како силна, самосвесна и амбициозна девојка, но машкиот род во вас гледа жена што си е доволна самата на себе си. Без сомнеж привлекувате со вашиот шарм и со отвореноста на умот, но оној што е во врска со вас се чувствува како постојано да е на тест. Одново и одново му поставувате нови предизвици за да видите до каде е подготвен да оди. Тој често се чувствува како да е на натпревар, затоа што во вашата природа е да покажете дека вие се можете да направите подобро, попаметно и побрзо, па затоа тој неретко се чувствува како да е во вапа сенка. Вашата говорливост му била симпатична во прво време, затоа што нема ништо полошо од девојката што само молчи, трепери и гледа во својот маж, но вие навистина претерувате. Вие цело време говорите, а момчето воглавно има можност да дојде до збор само кога вие земате здив помеѓу двата монолози. А потоа се прашувате како воопшто можел да ве остави. Да, понекогаш тој знае да ве побара само за секс, но кога вие како сообраќаен полицаец ќе почнете со познатиот монолог: „Ајде, таа нога тука, рацете ваму, сега побавно, не, не сепак побрзо, не тоа така, дај да ти покажам“, само го посетувате поради што си заминал од вас.

Девица

Супер е тоа што сте паметни, занимливи, духовити, но тоа не ви помага покрај себе да го задржите оној што го сакате. А дали знаете зошто? Прво глумите кралица од врвот на ледениот брег, крајно воздржана во покажувањето емоции и таман кога тој ќе се навикне на вашето однесуваер, тогаш следува целосен пресврт. Се претварате во несигурно девојче. Во текот на денот праѓате по 163 пораки со сите стикери со љубовна тематика, кога ќе му се јавите, му гукате во увото и звучите како петгодишно девојче, а кога ќе се видите, скокате врз него и почнувате страсно да го бакнувате како тој штотуку да се вратил од војна. Ако вашата опседантост со контрола на почетокот му годела, во смисла „Ајде сега малку да си играме, ти си домино дама, а јас твој роб“, но надвор од спалната соба тоа во целост го излудува и тоа не на оној начин на кој што вие би сакале да биде така. Замислете само како е вас секојдневно некој да ве проверува каде сте, со кого, што правите, кога ќе си одите дома и слично… Па вие би побегнале па и да го сакате најмногу на цел свет.

Водолија

Вие не барате момче, туку предизвик. За вас не се занимливи, условно речено, нормалните мажи. Велите дека се здодевни, но без никаков проблем би им ги препратиле на другарките. Речиси без грешка, секогаш избирате некого кој има маани, а емотивната несигурност со нив доаѓа гратис. На нив гледате како врз сопствен експеримент – ги наоѓате растурени на парчиња, па ги поправате и ги лекувате. Не треба вие да ги менувате и да ги креирате според вашата замисла. А на крајот, кога момчето малку ќе дојде при себе и ќе реши да си оди, кукате дека е неблагодарен затоа што вие толку многу сте се труделе да му помогнете да застане на нозе, а тој ви враќа на тој начин. Само сетете се, дали тој некогаш побарал помош од вас. Една мудра изрека вели: „Драга, мора да бидеш свој сопствен херој, затоа што сите други се презафатени со сопственото спасување“. Наместо од петни жили да се трудите да им помогнете на мажите, помогнете си себе си или цел живот ќе се прашувате, зошто сте лепак за будали и зошто една постојана приказна постојано ви се повторува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.