УНИЦЕФ: Едно од три деца во светот нема извод

Едно од секои три деца во светот не можат правно да го потврдат своето постоење со акт за раѓање, бидејќи раѓањето не е регистрираново ниедна институција, предупреди УНИЦЕФ, пренесе „АФП“. Речиси 230 милиони деца под петгодишна возраст немаат извод, што ги става во неповолна положба при процедурални прашања и ги прави повеќе ранливи на злоупотреба.

„Регистрирањето на раѓањето не е само право. Тоа е како општествата првоно го признаваат и прифаќаат идентитетот и постоењето на детето“, рекла Гиита Рао Гупта, заменик извршен директор на УНИЦЕФ.

„Регистрирањето на раѓањето е исто така клуч за гарантирање дека децата не се заборавени, не им се одземени правата или се скриени од прогресот на нивната нација. Ние предлагаме систем за регистрација што ќе е бесплатен, универзален и доверлив“, додала таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.