петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 12

Универзална сала ќе го задржи автентичниот изглед

Наместо нов објект во форма на јајце, како што беше предвидено, постоечкиот ќе се реконструира и надгради.

Скопјани сепак нема да добијат нова Универзална сала

Скопјани сепак нема да добијат нова Универзална сала

Поврзани вести

Министерството за култура се откажа од изградба на нов концертен објект, поради неговата скапа изведба. Наместо нов објект во форма на јајце, како што беше предвидено, постоечкиот ќе се реконструира и надгради, според проект од пред осум години. Се проценува дека тоа ќе ги чини 15 милиони евра.

Ова денеска го потврдија градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

На ваков чекор се одлучивме поради високата цена, 65 милиони евра, која беше понудена од проектантската куќа. Реконструкцијата и надградбата на Универзалната сала ќе чинат 15 милиони евра, што е за четири пати поевтино од изградба на сосема нов објект.Верувам дека оваа одлука ги оправдува и барањата коишто призлегоа од голем број здруженија на граѓани и уметници, и од желбата да остане постоечкиот објект и тој да се реконструира, изјави Милевска.

Објектот ќе се реконструира по проектот на „Архангел бојс“, кој предвидува модерен културен и конгресен центар со повеќе од 200 седишта, поголем влезен дел и фоаје, гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект со угостителски простор. Предвидено е и изградба на помошна помала сала со 300 седишта, која ќе ја користи истата сцена, но од задната страна.

јјУниверзалната сала требаше да добие нов објект со јајцевидна форма, дело на архитектонското студио „Стоун дизајн“. Сепак, за изведбениот проект, за кој имаше неколку неуспешни конкурси, уште на самиот почеток, стручната фела коментираше дека премногу скапо ќе чини.

Според проектот новиот мултифункционален објект требаше да има две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200 до 300 седишта. Беше предвиден и административен простор за вработените од оваа установа.

 

Најчитани вести