Универзитет во Јута ќе спонзорира студенти да студираат еСпорт

Овој Унивезритет официјално ќе стане high-profile колеџ за еСпорт во САД и ќе обучува професионални играчи.

Тој ќе создава свои тимови во еСпортот, за почеток за играта League of Legends за да се натпреваруваат во најиграната платформа на Riot Games.

Има планови да се прошири и за други игри и да прави пари преку маркетинг зделки.

_95500068_esl3

ЕСпортот е веќе огромна индустрија и се очекува биде во топ пет најпоплуарни спортови до 2020 година во светот.

Универзитетските еСпорт тимови за сега се многу ретки, но многу од колеџите во САД почнуваат да ги препознаваат своите студенти гејмери.

_95499387_esl4

Универзитетот во Јута е дел од „Power Five“, еден од најбогатите спортски Универзитети во Америка.

Играчите ќе добиваат делумни стипендии за почеток, но штом ќе почнат да играат компетативно повеќе игри тие ќе можат да се пријават за некоја маркетинг зделка.

Овој Универзитет се надева дека евентуално ќе може да дава целосни стипендии за 35 професионални играчи на видео игри.

_95499388_esl2

Јута е еден од високо профилираните колеџи во САД кој нуди стипендии за еСпорт, но Универзитетите во Калифорнија и Ирвин од неодамна изградија и вклучија еСпоер арени во своите кампуси.

Ние сакаме и останатите школи да ни се приклучат, вели А. Ј. Димик, кој ќе ја води еСпорт програмата во Јута. Ајде да го водиме ова сите заедно.

Фундирањето за овие студентски игри најмногу ќе доаѓа од одделот за забавни уметности и инженерство на Универзитетот на Јута, кој што е познат по дизајн на видео игри.