Универзитетите не ја губат автономијата со државниот испит

Со воведувањето на државен испит, Универзитетите нема да ја изгубат својата автономија, велат професорот Александар Климовски и докторантот на Правниот факултет Тимчо Муцунски.

И двајцата се согласни дека реформата за воведување на државниот испит има намера и се стреми кон подобрување на квалитетот во високото образование.

„Коректен е концептот каде што имплементацијата на државниот испит би се спроведувала од страна на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, пред се бидејќи истиот е независен орган. Според мене, централна институција за спроведување на државниот испит би требало да биде, како што е и најавено дека ќе биде, Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. Со тоа, на извесен начин, ќе се зачува уставно загарантираната автономија на Универзитетот“, вели професорот Климовски.

Тој додава дека Универзитетите не се изолирани ентитети и се создадени со една цел – да продуцираат кадри кои успешно, преку своето квалитетно стекнато знаење ќе придонесуваат во развојот на сите општествени текови, а не акцентот да го ставаат на комерцијализација на високообразовната дејност. Затоа, вели тој, не го разбирам револтот и протестот на студентите, бидејќи оваа реформа е во нивни интерес.

„Реформите во образованиот систем не треба да се политизираат, и како во оваа сиутација треба да бидат решени со јавна дебата и со инпут од сите засегнати страни и преку борба на аргументите. Навистина постои една група на млади граѓани кои протестираат, но сметам дека и на самите нив не им е јасно за што точно протестираат. Оваа конфузија во јавноста се појавува е неосновна од причина што институциите кои го подготвуваат законскиот текст истакнуваат дека истиот ќе биде отворен за дискусија со јавноста, каде секако се очекува дека ќе бидат вклучени и студентите“, додава Климовски.

Доколку некој студентски протест има своја поставена цел и искрена намера да го унапреди квалитетот на образовниот процес и притоа е ослободен од влијанија на политички притисок несомнено дека може да биде корисен, но доколку било кој собир на студентите се користи како алиби за остварување на некои политичко партиски цели тогаш се поставува и прашањето за неговата оправданост. Токму тука лежи и дилемата кај протестот закажан за утре. Имено, оваа група на млади луѓе создава една парадоксална ситуација. Тие, како и сите други студенти се повикани да земат активно учество во создавањето на овој процес преку јавни расправи кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за образование. Оттука, се поставува прашањето за што точно тие протестираат?, вели докторантот Тимчо Муцунски.

„Посебно е клучно тоа што истиве реформи не се однесуваат лично кон овие генерации коишто протестираат. Во оваа ситуација или се работи за протест кој сам по себе е безцелен или се работи нешто што се нарекува политичка опструкција. Ова го толкувам на ваков начин, пред се, бидејќи во легислативниот процес не постои никаква задолжителна обврска за одвивање на јавна расправа. Токму јавната расправа ја покажува желбата на Владата за вклучување на сите засегнати страни во создавањето на еден квалитативно добар реформски чекор“, додава Муцунски.

Тој вели дека за студентите, меѓу кои се смета и тој самиот, е подобро наместо на улица, своите забелешки да ги даваат на јавни расправи каде секој може да го истакне својот став на демократски начин. Муцунски додава дека резултатите од спроведеното екстерно оценување се позитивни и очигледно е дека претходно организираните протести против него биле беспредметни.

„Кога станува збор за државниот испит мислам дека неговото воведување ќе внесе дополнителен квалитет во едукативниот процес, ќе ја наметне потребата од унапредување на квалитетот на професорскиот кадар кој ја изведува наставата и секако ќе бара продлабочено внимание на студентите кон материјата која ја изучуваат, ја истражуваат, а подоцна во текот на својот работен век и ќе ја практикуваат. Со тоа образованието ќе ја добие својата цел, а тоа е квалитетен кадар. Тоа е во интерес на студентите, но и на нашата држава во целина. Секој студент, и сегашен и иден, којшто сака поквалитетно образование ќе го поддржи овој процес, тоа за мене е неспорно. Во таа смисла протестот на студентите го сфаќам како протест против самите себе. Полагањето на државен испит би требало да претставува една дополнитена проверка на онаа општа рамка на сознанија од материјата што веќе е совладана во претходниот определен временски период, па со цел да се утврди дали студентот во текот на споменатиот период посветил доволно внимание на содржината на наученото и дали неговиот труд бил реално вреднуван од страна на високо образовната институција. Реалното вреднување е исклучително важен критериум кој истовремено е и стартен основ за определување на идниот развоен пат на студентот, виден како конкурент на пазарот на работна сила, или во рамките на продолжувањето на неговата кариера во научно-истражувачката сфера. Верувам дека прашањата коишто ќе бидат концепирани ќе бараат минимално знаење за основните институти и не би требало да претставуваат дополнителен интелектуален напор на студентите коишто таа материја веќе ја имаат совладано“, објаснува тој.

Screenshot_1

Пендаровски јавно призна дека СДСМ стои позади студентските протести

На трибината на СДСМ во Прилеп, годинешниот кандидат за претседател на опозицијата Стево Пендаровски, јавно призна дека зад организацијата на студентските протести стои СДСМ. Тој во саботата на трибината рече:

„На 10 декември во Скопје е закажан голем студентски протест на Студентскиот пленум. Би ве замолил сите, немојте да се обрукаме како луѓе и да не им дадеме поддршка.Сите тие се наши деца и сите тие не ја бијаат само својата битка, тие ја бијат и нашата битка. Или заедно со нив ќе ја добиеме оваа битка или сите заедно ќе пропаднеме. Опозицијата прави две работи кои што мора да ги прави, а и нема друга алтернатива. Најпрво опозицијата комплетно се повлекува од централните институции после последните избори, со цел да се делегитимираат институциите, поради тоа што ако останат внатре во системот стануваат соучесници на таквите криминални избори. И второ, опозицијата инсистира такви криминални избори да не се повторат никогаш повеќе“, изјави Пендаровски.

Оттука остануваат отворени прашањата Колку плаќа Студентскиот пленум за рекламите по опозиц иските медиуми? Од каде пари за целото рекламирање? Како и дали парите потрошени за рекламирање доаѓаат од СОРОС?

Пленумот по изјавата на Пендаровски и жестоката поддршка од СОРОСОВИТЕ медиуми се обиде неуспешно да се огради дека зад нив стои опозицијата, но за жал безуспешно.