Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид ги поддржува реформите во високото образование

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид е задоволен од прифаќањето на предлогот од неговата Ректорска управа студентите кои не го положиле првиот дел од државниот испит по втората студиска година да може да ги слушаат предметите од третата студиска година.

Во соопштението на  универзитетот „Св. Апостол Павле“, потпишано од ректорот Нинослав Марина, е наведено дека единствена цел на предлогот е да им овозможи на студентите поголема флексибилност за време на студирањето.

– Врз основа на прифатените сугестии дадени од нашиот управувачки и наставно-научен кадар, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид дава целосна поддршка на пакетот реформи за унапредување на квалитетот на високото образование и воопшто на образовниот систем во земјата, кој го предлага Владата на Република Македонија, соопшти Универзитетот од Охрид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.