Универзитетот Свети Апостол Павле се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот.  „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на индустријата и технологијата и зачувувањето на животната средина“ изјави Франческо Волпони, професор на Универзитетот.