Брисел: Упасени две лица поврзани со нападите во Париз

Белгиската полиција спроведе рација во центарот на Брисел и уапси две лица поврзани со нападите во Париз, соопшти канцеларијата на белгиското државно обвинителство, пренесува Танјуг.

Во рацијата што доцна синоќа траела пет часа, во близина на самиот центар на Брисел, учествувале специјалците и силите на федералната полиција.

Антитерористичка акција во париското предградие Сен Дени
Антитерористичка акција во париското предградие Сен Дени

Две лица се однесени на сослучување, изјави портпаролот на државниот обвинител Ерик Ван Дер Сипт, кој не сакал да изнесе повеќе детали за нив, но потврдил дека не се работи за бегалецот Салех Абдеслам кој е еден од најбараните луѓе во Европа поради неговата улога во нападите во Париз од 13-ти ноември во кои животот го загубија 130 лица.

Салах Абдеслам (26) од Брисел сега е предмет на голема меѓународна потера
Салах Абдеслам (26) од Брисел сега е предмет на голема меѓународна потера

Белгиската полиција и понатаму активно е во потрага по Абдеслам, за кого постои сомневање дека одиграл клучна улога во нападите во Париз и се верува дека еден ден по масакрот се вратил во Брисел.