Македонија

Упатства за намалување на морталитетот при хируршки интервенции

Упатства  за намалување на морталитетот при хируршки интервенции

Упатства со кои драстично ќе се намалат несаканите последиците и смртноста за време и по хируршките зафати најави денеска Министерот за здравство Никола Тодоров.

„Оперативна check листа за безбедна хирургија“ е новата мерка на Министертвото за здравство со која ќе се намали морталитетот и несакани компликации пред, за време на и по оперативните зафати и истата е задолжителна на сите јавни и приватни здравствени установи во Македонија.

Станува збор за документ за согласност кој ќе мора да биде потпишан и од пациентот и од хирургот пред изведување на операцијата, но за разлика од досегашната пракса, овој е многу подетален. Тоа се вообичаени постапки кои досега хирурзите ги применуваа, како користење стерилни инструменти, правилна анестезија, можни ризици од губење на крв, но овој пат тие се верифицираат во документ од кој може да произлезат казни доколку не се применуваат. Овој документ го следи целиот тек на операцијата, пред и потоа.

„Тргнувајќи од ставот дека безбедната хирургија спасува живот, како нова мерка на нашата заедничка работа, за прв пат воведуваме посебно упаство за безбедна хирургија согласно искуствата на Светската Здравствена Организација и почнуваме со нивна целосна имплементација во здравствениот систем“, истакна Тодоров, објаснувајќи дека целта е да се воспостават Национални стандарди за безбедна хирургија, кои според Министерот, ќе допринесат за драстично минимизирање на несаканите последици и компликации при операции.

Тодоров појасни дека во креирањето на овие документи од страна на СЗО беа вклучени околу 100 меѓународни експетри, а при приготвување на македонските документи се консултурани и мислење дале врвни имиња од областа на хирургијата и анестезиологијата  во Македонија.

„Упатствата содржат и оперативна листа за проверка за безбедна хирургија или check листа која е веќе објавена во Службен весник и е задолжителна за сите здравствени установи во Македонија“, нагласи Министерот за здравство, кој додаде дека е објавен и начинот за нивна имплементација, односно сите чекори што треба да се направат при ставање на анестезија, пред засекување на кожата, пред пациентот да ја напушти операционата сала.

Тодоров нагласи дека упатствата се состојат од десет главни цели за безбедна хирургија, кои вклучуваат утврдување на идентитетот, оперирање на точна страна, подготвка на тимот за ризици како откажување на белите дробови и губење на крв, избегнување на алергиска реакција, тимот да користи методи кои минимизираат инфекција на хируршкото место, да не се забораваат инструменти и сунѓери во хируршките рани, прецизно идентификување на сите хируршки примероци, комуникација меѓу тимот околу критичните моменти при операциите  и рутинско набљудување на  сложените хируршки интервенции.

„Статистиката покажува дека кај осум до 12 отсто од пациентите кои се примени на болничко лекување во земјите членки на ЕУ се јавуваат несакани настани како резултат на непримената на проверка на здравствена грижа при што значителен дел отпаѓаат на хируршки интервенции. Тоа значи дека се работи за голем проблем, присутен и кај нас, при што настануваат компликации кои значително влијаат на бројата на морталитет во државата“,  појасни Тодоров кој додаде дека се смета дека половина од несаканите компликации при хируршки интервенции би можеле да се избегнат.

Тој посочи дека според податоците од СЗМ,секоја  седум милиони страдаат од компликации при хируршки интервенции во светот, од кои, еден милион од нив умираат за време или веднаш по операцијата.

Од тимот појаснуваат дека досега овие упатсва биле пракса и израз на професионалноста на хирургот, но од денеска тие стануваат законска обврска.

„Од документот ќе произлезат и законски обврски, а при инспекциски контроли лесно може да се утврди дали медицинскиот тим постапил правилно во сите дадени ситуации во текот на оперативниот зафат. Постојат 70 места во текот на операцијата каде што може да се направи грешка“, изјави академик Живко Попов кој е дел од тимот кои ги изработија овие протоколи.

Експертите појаснуваат околу 70 места на кои може да се направи грешка за време на една хируршка интервенција, па затоа, со примена на овие упатства ќе значи нивно намалување. Во тие 70 грешки експертите вбројуваат оперирање н погрешен орган или страна, користење на нестерилен инструмен, заборавање на гази, кои можат да доведат до сериозни нарушувања на здравјето или смрт.

Деканот на медицинскиот факултет истакна дека ова е важен и позитивен чекор кој прв пат се превзема во Македонија.

Министерот информираше дека  во подготовката на овие упатсва учествувале врвни  лекари и професори е донесена значајна мерка која ќе допринесе за безбедна хирургија. Во тимот кој работеше на оваа мерка се проф. др. Миодраг Врчаковски, проф.др. Борче Георгиевски, проф.др Никола Јанкуловски, академик Живко Попов, проф.др. Кочо Чакаларовски, проф.др. Катица Зафировска и проф.др. Сашко Кедев.