Уписите за фудбалската Академија на Вардар ќе траат до 15-ти септември

Фудбалската Академија на Вардар излегува со убава вест за најмалите! Уписите за нови членови продолжуваат до 15 септември. На барање на родителите, приемот на нови идни фудбалери се пролонгира уште 15 дена, информираат од Клубот на нивната официјална веб страница.

Успехот на малите генерации, најавата за настап во Лигата на шампиони на младинците и постојаниот успех на првотимците го направија своето. Идентификацијата на малите да бидат Вардарци со сите епитети кои ги носи овој клуб, се мотив за над 400 деца до сега пријавени. За нас пак како Вардар ова е поттик да продолжиме со промовирање на високи вредности во насока на тимска игра, правилен психо-физички развој и што е најважно – создавање здрава спортска младина на Македонија, велат од клубот.

Оттаму информираат дека на барање на родителите, уписите се отворени до 15 септември и се однесуваат на деца родени во генерациите од 2002 до 2010 година.