Седум неверојатни начини како да ги употребите искористените кесички со чај

Дали сте знаеле дека откако ќе го испиете омилениот чај, со кесичката можете да исчистите огледало, да ја излекувате забоболката или да ги ублажите изгорениците од сонце. Еве седум неверојатни начини како можете да ги употребите кесичките чај.

Направете си филџан со вашиот омилен чај, испијте го и опуштете се, а потоа искористете ја кесичката на некој од овие седум начини:

Отстранете го црвенилото и потечените очи

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Ставете ги кесичките чај во ладна вода, а потоа ставете ги врз очните капаци. По неколку минути чајот ќе го отстрани црвенилото и потеченоста, а вашите очи повторно ќе изгледаат одморено и ќе се подмладите. На истиот начин кесичките чај можете да ги користите и за конјуктивитис.

Маринирајте месо

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Месотот што планирате да го подготвите за ручек можете да го маринирате со остатоци од чај или со помош на искористени вреќички за чај за да спречите тоа да стане тврдо или жилаво. Благите состојки на чајот ќе го збогатат вкусот на месото и ќе го одржат влажно.

Исчистете го домот

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Чајот може да ја отстрани мрснотијата и нечистотијата од огледалото, подот па дури и од линолеум. Откако ќе подготвите пијалакот едноставно повторно потопете ја кесичката во жешка вода и така ќе направите сретство за чистење. Со тоа можете да ги исчистите работните површини во кујната како и дрвените површини и мебелот. Само внимавајте потоа се да пребришете добро за да не останат флеки.

Освежете ја облеката и чевлите

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Сувите и искористени кесички од чај ставете ги во гардароберот, а вашата облека пријатно ќе мириса. Ставете по една кесичка во секој чевел и ќе го отстраните непријатниот мирис од облеката.

Наѓубрете ги растенијата

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Искористените кесички чај може да бидат органско ѓубриво за домашните растенија затоа што содржат голем број хранливи материи за растенијата. Измешајте ги состојките од кесичката во земјата, така што таа ќе ја впие водата и преостанатата влажност од чајот.

Ублажете ја болката

Ако имате болна раничка на устата, натопете една искористена кесичка чај во вода и загризете ја. Лековитите својства на чајот ќе ја ублажат болката и ќе го забрзаат лекувањето на раната. Оваа метода помага и при сопирање на крварењето откако ќе извадите заб.

Ублажете ги изгорениците и остранете ги акните

Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај
Неверојатни начини како можете да ги употребите искористените кесички со чај

Ако имате акни или изгореници од сонце, зафатените места измијте ги со студена вода во која претходно стоела искористената кесичка чај. Повторете го ова неколку пати и ќе почувствувате угодно ладење, олеснување и смирување на кожата која повторно ќе стане здрава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.