Членови на УПОЗ: Изборот на Пецо Грујовски за претседател на синдикатот е нелегитимен

Група на членови на Синдикатот на УПОЗ реагираат на повтрниот избор на Пецо Грујовски за  Претседател на Синдикатот на УПОЗ. Членовите го прогласија овој избор за нелегитимен, спротивно на статутот на синдикатот на УПОЗ. Според членовите на Синдикатот на УПОЗ, Грујовски изминатиот викенд во Охрид кршејќи го Статутот на УПОЗ спровел избор за претседател на кој си прогласил нов петгодишен мандат.

Игор Миќев, претседател на синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, синдикална организација која е дел од синдикатот на УПОЗ истакна дека доколку не бил суспендиран од страна на Пецо Грујовски и доколку изборите биле легитимни тој ќе бил новиот претседател на Синдикатот на УПОЗ. Според него Пецо Грујовски наместо да се бори за работничките права, се бори за својата фотелја.

Денес ќе ви зборував како нов претседател на Синдикатот на УПОЗ доколку се одржеа легални избори во Синдикатот на УПОЗ. Доколку Пецо Грјовски не ги прекршеше на најдрзок и најбезобразен начин сите синдикални правила и процедури, прекршувајќи го статутот на Синдикатот на УПОЗ, деловодникот за работа на претседателството на Синдикатот на УПОЗ и не ги суспендираше сите легално избрани органи на синдикатот на УПОЗ, членовите на претседателството, претседателите на синдикалните организации и сите други органи и тела на синдикатот на УПОЗ . За разлика од Пецо јас имам мото дека синдикатот не е привилегија туку право. Имам програма со која сакам да го направам Синдикатот на УПОЗ силен фактор во општеството, а не безгласна буква какава што беше во изминатиов период, истакна Миќев.

Овие членови кои не се задоволни од работата на сегашниот претседател на УПОЗ ги повикаа Министерството за труд и социјална политика и Централниот регистар да не вршат упис на новиот мандат на Грујовски, а најавија дека поднеле и кривична пријава против него до Основното јавно обвинителство.

Тие бараат во најкраток можен рок и средба со министерката за труд и социјална политика на која подетално ќе ја информираат за, како што тврдат, направените злоупотреби од страна на претседателот на УПОЗ.

Во петокот членови на Синдикатот на УПОЗ преку писмено соопштение ја информираа јавноста за внатрешните случувања во Синдикатот. Проследете го на следниот линк.