Управа за извршување на санкции: Во КПУ ниту се подготвувал, ниту пак се одвива било каков протест

Управата за извршување на санкциите реагира на натписите во некои медиуми и демантира дека во затворите има протести. Оттаму известуваат дека осудените лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, се до овој момент немаат доставено официјално известување за протест, ниту пак имаат добиено информација за отпочнат протест од страна на осудените лица во било која казнено-поправна установа.

Сметаме дека, објавените текстови исклучиво се наменети да се потикнат осудените лица на протест, со кој би се предизвикanо загрозување на безбедносната состојба во казнено-поправните установи. Во врска со изјавите на поединци кои заборавија на која професија и припаѓаат, па се ставаат во улога на поддржувачи на одредена политичка опција, сметаме дека и тие со своите јавни настапи се обидоа да ја нарушат безбедносната состојба во казнено-поправните установи, се вели во соопштението на Управата за извршување на санкциите.

Оттаму уште една потенцираат дека во казнено-поправните установи во Република Македонија, ниту се подготвувал, ниту се најавува, ниту се одвива било каков протест од страна на притворените и осудените лица.