Управител неовластено „лапнал“ над два милиони денари

Четириесет и двегодишниот Д.Б. од Свети Николе доби кривична пријава поради сомнеж дека ја злоупотребил службената должност и оштетил две фирми за вкупна сума од над два милиони денари.

Пријавениот како одговорно лице управител на ДООЕЛ „ ФАРМА ЛЕНД“ Свети Николе ја злоупотребил својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист во текот на 2010, 2011 и 2012 година неовластено договарал и извршил продажба на 72.600 килограми луцерка во вредност од 580.800 денари сопственост на АД „Џумајлија“ Лозово, а извршил и продажба на 31 теле и јуница во вредност од 1.483.700 денари со кои стопанаисувала „ФАРМА ЛЕНД“ Свети Николе. За извршените продажби не биле изготвувани фактури за наплата туку само испратници.

Со кривичното дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 2.064.500 денари, а на штета на АД „Џумајлија“ Лозово и ДООЕЛ „ФАРМА ЛЕНД“ Свети Николе.