Управителка оштетила правно лица за над 600.000 денари

Триесет и осумгодишната Т.С. од Куманово доби кривична пријава поради сомнение за сторено дело „затајување“.

Во периодот од 12.05.2008 година до 21.08.2015 година, како управител на правно лице противправно присвоила куќиште од компјутер со инсталирани програми и еден мобилен телефон, кои и биле доверени во работата.

Исто така, на 10.08.2015 година од сметката на правно лице противправно префрлила износ од 370.000 денари на нејзина сметка. Со овие дејствија пријавената го оштетила правното лице за вкупен износ од 607.340 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.