Управниот суд ги заврши расправите по првите две тужби од СДСМ

Петчлениот судски совет на Управниот суд ги заврши јавните седници по првите две тужби од СДСМ по однос на одлуките на Државната изборна комисија која ги одби сите приговори на партијата.

Судот до 19 часот утре треба да ги објави одлуките на судиите по тужбите.  Се очекува во текот на утрешниот ден да се одлучува по преостанатите две тужби до СДСМ и едната од ВМРО ДПМНЕ.