Управниот суд ја отфрли тужбата на СДСМ за верификувањето на мандатите

Управниот суд ја отфрли тужбата поднесена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со која бараше поништување на одлуката на Собранието за верификација на мандатите со образложение дека тужбата е недозволена.

Судот се прогласи за ненадлежен за постапување. Во образложението се вели дека согласно член 63, став 1 од Уставот на македонија, пратениците легитимитетот го црпат од граѓаните кои на општи, непосредни избори, со тајно гласање, ги избираат своите претставници во Собранието. Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи за кои врз основа на уставните овластувања дирекно одлучува Собранието.

Управниот суд смета дека тој е надлежен да постапува само во случаи кога Собранието донесува акти за именување и разрешување на носители на јавни функции и на државни службеници кои се на раководни функции, доколку поинаку не е определено со закон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.