понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Управниот суд треба да продолжи да ги разгледува тужбите од партиите

Управниот суд денеска треба да разгледа уште две тужби што ги поднесе Коалицијата предводена од СДСМ и една ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември. 

управен

Поврзани вести

Управниот суд вчеравечер одржа две седници на кои разгледуваше две други тужби поднесени од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за предвремените парламентарни избори.

На првата седница беше разгледувана поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-493 од 17.12.2016 година.

На втората седница на Судот, пак, се разгледуваше поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ УРП.бр.514/2016 за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-490 од 17.12.2016 година.

Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

Најчитани вести