Ураган ја погоди Москва – загина девојче, десетина повредени

Москва денеска ја погоди силна бура во којашто загина едно девојче, а десетина лица се повредени, објави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Според потврдени информации, бројот на повредени во ураганот се зголеми на 12. Лекарите не успаа да го спасат девојчето кое беше во критична состојба. Искрено сочувство за нејзините родител –  напиша Собјанин на Твитер.