Ураган во Финска: 15 илјади домови останаа без електрична енергија

Ураганот Саломо, кој синоќа ја погоди Финска, остави над 15.000 домаќинства без струја, јави ТАСС, пренесува МИА.

Поради стихијата беше прекината бродската линија меѓу Хелсинки и Талин, а авиокомпанијата „Финер” го откажа утрешниот лет од Хелсинки до градот Кокола во северот на земјата.

Јачината на ветрот достигна на места до 15 метри во секунда, а некаде и до 20-25 метра во секунда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.