Ураганите во САД предизвикаа 14 жртви

(Photograph: Tom Fox/AP)

Силното невреме следено со урагани усмртило најмалку 14 лица изминатиот викенд на југот и во централните области на САД, соопштија во понеделникот властите.

Во сојузната држава Тексас метеоролошката служба избројала најмалку четири урагани какао причина за разорените области со урнати куќи, превртени автомобили и искорнати стебла. Во градот Кантон во невремето загинале четири лица.

Во државата Арканзас регистрирани се четири смртни случаи, додека во Мисисипи загинале две лица, од кои едно е дете кого го усмртила струја во поплавата.

Поради поројните дождови две лица загинале во Мисури, една од нив е 72-годишна жена која била заробена во автомобилот поради брзото растење на водите.

Во Тенеси двегодишно девојченце бил згмечено од фудбалски стативи кои паднале поради силината на ветрот.

Сојузната метеоролошка агенција објави аларм поради поплавите во неделата ноќта во државите Оклахома, Арканзас, Мисури, Илиноис и Индијана. Се стравува од ново торнадо во понеделникот.