Ураганот Хосе достигна јачина од четврта категорија

Ураган во Мексико, загина едно лице

Ураганот Хосе достигна јачина од четврта категорија и се движи во правецот на ураганот Ирма, соопшти американскиот Центар за урагани.

Според центарот, бурата, која моментно се наоѓа во Атланскиот Океан, на 775 километри југоисточно од островот Ливард, предизвика ветрови со брзина од 200 километри на час и се движи кон северозапад со брзина од 26 километри на час.