Ураганот Ирма тешко ја погоди централна Куба

Ураганот Ирма, кој на Карибите однесе 19 човечки животи, тешко ја погодил централна Куба со налети на ветерот кои достигнуваат до 260 километри на час, објавија кубанските медиуми.

Ураганот, која е прв со ваква сила на Куба од 1932 година, тешко ги погодил покраините Камагуеј и Сиего де Авила, во центарот на островската земја, објави кубанската метеоролошка служба.

Меѓутоа, поради неговата големина, последиците се чувствуваат од покраината Лас Тунас на истокот од земјата до Виља Клара на западот, оддалечени речиси 400 километри, соопштил метеорологот Елиел Пила.

Во целата земја поради предострожност се евакуирани повеќе од милион луѓе, меѓу кои и десетици илјади странски туристи, објавија кубанските власти.

Во 7 часот по локално време окото на ураганот се движело во западна насока со брзина од 19 километри на час по должина на северниот брег на Куба. Двата милиона жители на главниот град Хавана ураганот би требало да ги зафати во текот на саботата.

Осцилирајќи меѓу најсилните категории 4 и 5, ураганот би требало да продолжи да се движи по должината на кубанскиот брег и потоа во саботата вечерта по локално време да скршен северозападно кон Флорида каде го очекуваат во недела попладне.