Ураганот Изел пристигна на Хаваите

УЈраганот Изел денеска ги зафати Хаваите и донел силен ветер од кој се откорнати дрвја и е предизвикан прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Повеќе од 1.200 лица се засолните во скривниците на Големиот остров, соопштуваат локалните медиуми.
Силниот дожд и ветер ги погодија и Источните Хаваи, од областа Пуна до градот Хило.

Хавајската електродистрибуција соопшти дека околу 5 илјади домаѓинства остаа без електрична енергија.