Ураганот Кристина го погоди Мексико

Тропската бура Кристина премина во ураган и го погоди југозападниот дел на Мексико.

Кристина со себе носи ветар со брзина од 120 километри на час, полека се движи во правец кон запад и се очекува дека ќе зајакне во следните 48 часа.

Центарот за урагани соопшти дека ураганот погодил области во јужнот, централниот и југозападниот дел на Мексико.