Свет

Невреме Ураганот Марија се движи кон Доминиканската Република

Ураганот Марија се движи кон Доминиканската Република

Ураганот Марија, кој досега однесе 14 животи на Карибите, утрово повторно зајакна во близина на источниот дел на Доминиканската Република, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Ураганот Марија, кој досега однесе 14 животи на Карибите, утрово повторно зајакна во близина на источниот дел на Доминиканската Република, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

Се наведува дека ураганот од трета категорија се наоѓа на околу 90 километри северно од одморалиштето Пунта Кана и дека со себе носи ветрови со брзина од 185 километри на час.

Ураганот Марија вчера предизвика пустош во Порторико, а илјадници луѓе побараа спас во засолништата.

Градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Јулин Круз, заплака додека зборуваше за уништувањето кое го видела.

– Многу делови од градот се целосно поплавени, рече таа.

Круз додаде дека илјадници луѓе останале без струја.