Ураганот Марија се заканува со уривање на брана во Порторико

Ураганот Марија, втората голема бура, којашто ги разори Карибите последниот месец, мина крај островите Туркса и Каикос во петокот, а зад себе остави разорувања и опасност од уривањето на брана и нови поплави во Порторикот, два дена откако ја погоди оваа американска територија.

Марија, којашто е вброена во најсилниот ураган кој го погодил Порторико во последните сто години, таму предизвика смрт на најмалку шест луѓе а 19 животи однесе на другите карипски острови, објавија локалните власти и медиумите.

Додека Порториканците се справуваат без снабдување со електрична енергија да ги расчистат урнатините, искорнатите дрвја и прекинатите електрични водови, им се заканува нова катастрофа. Спасувачките служби забрзано во саботата евакуираат десетици илјади луѓе од долината на реката Гуажатака на северозападот од островот поради опасноста од попуштање на браната.

Порториканскиот гувернер Рикардо Росело изјави во петокот дека треба да бидат евакуирани околу 70.000 луѓе кои живеат низводно поради опасноста да попушти земјаната брана под налетот на реката надојдена поради поплавите.

Жителите со автобуси се превезувани на повисоките подрачја, се емитуваат известуваа во медиумите кои ги објавува бирото на Државната метеоролошка служба во Сан Хуан, главниот град на територијата на американскиот остров.

Во островската служба за извонредни ситуација очекуваат браната да пукне, Кристина Виљалба од оваа служба изјави дека „Тоа би можело да се случи ноќва, можеби утре или за неколку дена, меѓутоа многу е веројатно дека тоа ќе биде скоро“, изјавила во телефонската изјава за Reuters ноќта кон саботата. Таа рекла дека властите настојуваат да ја завршат евакуацијата за неколку часа.

Гувернерот Росело ја посети општината Изабела во петокот ноќта и на градоначалникот Карлос Делградо му кажал дека евакуацијата е итно потребна, објави неговиот кабинет. Росело рекол дека, како последица на дождовите кои ги предизвика ураганот Марија, напукнала браната што може да доведе до фатални поплави. Мобилизирана е порториканската национална гарда којашто ќе ѝ помага на полицијата во евакуацијата на населението на сите потребни подрачја, додал Росело.

Луѓето започнале да ги напуштат блиските области, но една мала заедница одбила да земени, па гувернерот Росело дал упатства да постапуваат во согласност со законот кој ги овластува да го засолнат локалното население во вонредните ситуациите, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.