Свет

Ураганот Мери му носи на Мексико ветер со брзина од 200 км/ч

Ураганот Мери му носи на Мексико ветер со брзина од 200 км/ч

Урганот Мери денеска зајакна и на Мексико му носи ветер со брзина до 200 километри на час, силен дожд и високи бранови, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

„Мери“ е оддалечен околу 700 километри јужно од мексиканскиот дел на полуостров Долна Калифорнија и како што наведува Центарот делови од мексиканскиот југозападен брег „веќе ги виделе моќните бранови како резултат на ураганот Мери“.

Во соопштението се додава дека веројатно опасноста од ураганот ќе се прошири кон јужниот дел на полуостровот и кон Калифорнискиот Залив, доколку не се движи северозападно.

Центарот наведе дека тоа е осми ураган над источниот дел на Пацификот со ветер со јачина од 215 километри на час, кои следните денови би можел дополнително да зајакне.