ВИДЕО: Ураганот „Метју“ зеде 269 жртви и сеуште остава пустош зад себе

„Метју“ стигна до копното на Хаити во четвртокот, но деталите за неговата деструкција допрва ќе излезат на виделина. Најмалку 1.580 домаови се поплавени и околу 3,215 фамилии се погодени од оваа голема бура, велат властите од Хаити. ОН додава дека повеќе од 300.000 лица се згрижени во засолништа низ целата земја.

Агенциите за помош истакнаа дека штетата направена од оваа природна катастрофа е многу поголема од очекуваното. Ова значи помошта што првично била испратена во најпогодените региони од оваа држава воопшто не била доволна. Центрите за евакуација се преплавени додека комуните и работниците биле приморани да постават уште наменски засолништа со малкуте ресурси кои им биле на располоагање.

Луѓето сведочат дека „Метју“ рушел по цели ѕидови и со речиси никва тешкотија ги корнел покривите на куќите. Ветриштата стигнале со брзина од 200 км/ч, уништувајќи домови, поплавувајќи цели села, па дури земал со себе мостови така што ги оставал овие места во целосна изолација.

161006212451-12-hurricane-matthew-us-1006-exlarge-169

Властите во САД превзеле мерки за да го подготват населението за доаѓањето на ова невреме, додека четворица градоначалници од јужните држави на САД веќе прогласија вонредна состојба.

„Не можам повеќе да нагласам дека сите од жителите во нашта држава мораат да се подготват за директен удар“, вели градоначалникот на Флорида, Рик Скот. „Да се има план за ваква ситуација може да биде разликата меѓу живот или смрт“, додава тој.

Петокот изутрина, по локално време, бурата се намалила на Категорија 3 ураган, но сеуште имала доволно разорна сила во себе. Експертите велат дека правецот на бурата е север, северо-запад со брзина од околу 20км/ч.

Претседателот Обама потпишал декларација за вонредна состојба во Флорида, Јужна Каролина, Северна Каролина, а подоцна и за Џорџија наредувајќи федерална помош и дозволувајќи на федералните власти да ја координираат помошта и правилно да ја респределат на населението.

imrs-php

Ураганот по се изгледа дека ќе биде неспоредлив во модерната историја на Флорида и најверојатно ќе предизвика мулти милијардерска штета преку целата држава, велат од Капитал Ведер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.