петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 90

Ураганот Ото усмрти три лица во Панама

Панама е соочена со една од најтешките временски ситуации и е под непосредна закана, изјави Хозе Дондерис, директор на службата за цивилна одбрана на земјата.

amerika-640x294

Последни вести

Три лица загинаа во Панама, откако  во текот на ноќта тропската бура Ото  прерасна во ураган, соопшти службата за цивилна одбрана на Панама.

– Панама е соочена со една од најтешките временски ситуации и е под непосредна закана, изјави Хозе Дондерис, директор на службата за цивилна одбрана на земјата. Тој додаде дека при лизгање на земјиште западно од престолнината Панама биле затрупани девет лица. Само седум од нив биле извадени живи.

Освен тоа, во панамсската престолнина загинало дете, откако дрво паднало врз возилото во кое тоа се наоѓало. Панама соопшти дека денеска, поради временските прилики, нема да се одржи настава.

Националната служба за вонредни ситуации на Костарика нареди 4.000 луѓе да се евакуираат од областа каде што се очекува Ото да стигне до земјата. Постојаните ветрови кои ги носи Ото, достигнуваат максимална брзина од 120 к /ч, јави ДПА

Кон југот од Никарагва, Ото се движи со четири километри на час и се очекува најсилниот удар да биде во реонот на градот Лимон, на карибскиот брег.

Експертите очекуваат потоа да го зафати северениот дел од Костарика, одбегнувајќи го главниот град Сан Хозе, по што ќе се префрли на Пацификот.

Локалните медиуми јавуваат дека во некои делови од Костарика се регистрирани лизгање на земјиштето поради силните и долготрајни врнежи, па е наредена евакуација на населението.

Американските медиуми пишуваат дека станува збор за необичен феномент, затоа што многу ретко досега, во овој регион и посебно во Централна Америка, се формирале урагани по 15 ноември и на крајот од нивната сезона, која обично завршува на 30 ноември.

Најчитани вести