Македонија

Урбано живеење по светски стандарди достапно за сите!

Урбано живеење по светски стандарди достапно за сите!

Луксузен и урбан живот, со модерен архитектонски дизајн запечатен со врвен изведбен квалитет кој ги задоволува современите стандарди на живеење. Веројатно, првата мисла која ви доаѓа на ум е скапа градба во некои од елитните светски метрополи, но, за среќа, тоа немора да ви звучи само како сон.

Сета комоција, и задоволство при избор на нов дом, што во целост ја  потврдува иновативноста и визионерството во станбената архитектура, сега може да се најде на атрактивна локација во населбата Аеродром.

Капитоп Резиденс на бруто површина од 8.000 м2, на четири нивоа  нуди за  продажба 72 ексклузивни станови, во склоп на трговскиот центар „Капитол мол“

Резиденционалниот дел, кој сам по себе е новина кај нас, афирмира поинаков квалитет на живеење, бидејќи го комбинира домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговси центар.

Влезот на становите е со посебни лифтови, а исто така, станарите имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот.
При осмислување на проектот, архитектите внимавале на секој детаљ, па така иако на првите неколку ката функционира  Трговскиот центар, крајно се внимава на зачувувањето на приватноста на станарите.

Во дизајнот и квалитетот на становите, инвеститорот, има вградено свој претпознатлив печат со внимателно изведени архитектонски рационални решенија.

Славејко Георгиев, проектен менаџер на комплексот КАПИТОЛ МОЛ И РЕЗИДЕНС, вели дека објектот е изведен  согласно сите стандарди кои ги бара нашето поднебје – каде што сè уште се паметат последиците од катастрофалниот земјотрес. Матерјалите кои се употребувани за ѕидовите се исто така од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали.

„Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Целиот објект има алумински прозори и врати со термо мост, кои се застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова – на секој станар – му овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период. За целосно уживање во просторот во сите временски услови за секој стан е поставен посебно систем на затоплување и ладење со фенкојлер единици во просторот.  Со поставената термо-изолација и самостојниот ситем на греење и ладење секој станар максимално може да штеди енергија и притоа  целосно да ужива во просторот. Поставената електро инсталација е изведена според сите врвни стандарди со производи од познатите брендови: ПИРЕЛИ, ШНАЈДЕР, БОШ и др. Во секој стан е поставена инсталација со можност да се користат сите кабелски оператори  и со самото тоа станарите немаат дополнителни кабли низ самиот стан. Инсталацијата за водовод со санитарните уреди исто така е од познати брендови и тоа: сите батерии за топла и ладна вода се од брендот ГРОХЕ ,  казанчињата и wc школкитесе од производителот ГЕБЕРИТ, целата санитарија и галантерија е од брендот ВИТРА. Во секоја бања има подно греење “, објаснува Георгиев.

Постојат разновидни варијанти во распоредот и големината на становите, кои што  исполнуваат различни потреби, од студио тип, до станови со 3+1, како и апартмани со пространи тераси. Становите на последниот кат имаат конфорни тераси од кои што може да се ужива во прекрасен поглед во овој дел од македонската метропола.

Три нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за станарите во „Капитол Резиденс“  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“.

slika kapitol stan 1 Slika od stan Kapitol

Компанијата Сити Плаза, чија главна дејност е обезбедување на градежни услуги, постои повеќе од две децении. На македонскиот пазар, СИТИ ПЛАЗА  функционира како дел од градежниот конзорциум заедно со PERA CONSTRUCTION INTERNATIONAL и STONE BRIDGE хотелот во Скопје. Секоја од компаниите во конзорциумот поседува соодветни бизнис лиценци за македонскиот пазар, како што се сите неопходни сертификати и овластувања, сè со цел да се следат високите стандарди, квалитетот, роковите и динамиката на реализација, согласно европските стандарди и нормативи.

Конзорциумот во своето потрфолио брои изградба на капитални објекти, уникатни по својата природа и употреба. Некои од нив се: Деловен комплекс НЛБ Тутунска банка и седиштето на Сити Плаза во центарот на Скопје; Фабриките: JOHNSON MATEY и KEMET во Слободната економска зона Бунарџик;Административната зграда на амбасадата на Холандија во Скопје; Терминалната зграда на ТАV меѓународниот аеродром во Скопје;Фабриката CRONBERG & SHUBERT во Слободната економска зона Жабени; HOTEL HILTON – DOUBLE TREE by HILTON во Скопје во општина Аеродром (проект во тек) и слично