Уредничка побарала да биде платена како машко – Њујорк Тајмс ја отпуштил!

Џил Абрамсон првата жена – главен уредник на најтиражниот американски дневен весник Њујорк Тајмс, вчера беше неочекувано отпуштена од страна на издавачот Артур Шулцбергер.

„Уживав во мојата работа во Тајмс. Работев со некои од најдобрите новинари во светот, соопшти Абрамсон, која помина две и пол години на чело на весникот, а својата лојалност на компанијата ја покажа со тоа што дури го истетовирала логото на весникот на својот грб.

Списанието Њујоркер веднаш објави дека причината за смената на Абрамсон е тоа што таа дознала дека нејзиниот претходник на оваа позиција, Бил Келер, имал далеку поголема плата и пензиски надомест. Веста за отпуштањето на Абрамсон предизвика бура од шпекулации во американкските медиуми.

Иако платата на главниот уредник на Њујорк Тајмс се крие од јавноста, се проценува дека таа изнесува повеќе стотици илијади долари годишно.

Абрамсон, според Њујоркер, дури ангажирала адвокат кој контактирал со издавачите на весникот да им укаже на нееднаквоста во нејзиниот надомест.

Ова, според Њујоркер, била причината за ненајдејниот отказ на Абрамсон.

Обвинението е особено непријатно за Њујорк Тајмс, бидејќи весникот гласно ја поддржува кампањата на Барак Обама за изедначување на платите на мажите и жените во САД.

Дин Бекет, кој е првиот афро-американец на оваа позиција, е новиот главен уредник во Њујорк Тајмс.  Постоела нетрпеливост меѓу Бекет и Абрамсон, кој кој наводно повеќе пати удирал по ѕидовите на канцеларијата и гневен ги напуштал состаноците со главната уредничка, што се наведува како уште една можна причина за смената на Абрамсон.