Македонија

Уредник во Австралија ги поттикна потребите за признавање на уставното име на Македонија

Уредник во Австралија ги поттикна потребите за признавање на уставното име на Македонија

Минатата седмица во Источен Мелбурн, во парламентот на државата Викторија се одржа Прес конференција за етничкиот печат на етничките групи на мултикултурното и мултиетничко општество на Австралија од страна на премиерот на Австралија г-дин Тони Абот и министерот за социјални услуги Кевин Ендрус.

Оваа Прес конференција имаше за цел владата на Австралија да ги запознае етничките групи на Австралија, за своите нови донесени закони, за спречување на пристап и учество во војни на други држави во светот, од страна на австралиски државјани, како и во редовите на џихадистите на „Исламската држава“, оформена во делови на Ирак и Сирија.

Како преставник на неделните македонски весници во Австралија од „Австралиско Македонски Неделник“ (АМН) и „Тудеј“ (Денес), Игор Павловски, главен и одговорен уредник на оваа Прес конференција, директно му поставил прашања за признавање на уставното име на Македонија. Прашање, што многу време во минатото, требаше почесто да биде поставувано на јавни трибини, а не беше поставувано поради затаена национална активност на македонските интелектуалци во Австралија.

Игор Павловски, инаку почесто активен посетител на значајни Македонски настани од литературни, јазични и социјални-оштествени карактери во Мелбурн, Викторија, каде со успех ги публикува македонските весници, вели во сојот напис во АМН:

„Во оваа прилика од името на македонските весници на г.Абот му поставивме Прашање кога Австралија ќе јапризнае Македонија под нејзиното уставно име? Околу 98.000 граѓани се изјаснуваат на пописот во Австралија дека се со македонско потекло. Македонија е независна држава повеќе од 23 години која САД, Канада, В. Британија и многу други големи држави ја признаа под уставното име. Кога Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име? Се чувствуваме навредени и дискриминиран и кога користиме државни услуги и треба да ја бараме земјата од која потекнуваме под друга буква“.

Од аудио снимката се потврдува одговорот на премиерот Тони Абот, дека се осврнал на минатото, како став со кој званично не означуват како Поранешна Југословенска Република Македонија, дека оваа прашање одамна не било разгледувано.

Игор Павловски, пишува во својата статија во АМН, дека:

„На тоа се надоврзавме со коментар, денес да велиме поранешна британска колонија Австралија е навредливо. Премиерот Абот се насмеа, и прифати дека тоа е фер опсервација и добра поента …обично Австралија земјите ги нарекува така како што тие самите сакаат“…

Понтаму Игор, го дава следниот коментар: „Фактот што премиерот призна дека никој него прашал за тоа што се случува околу користењето на званичното име на Македонија долго време, укажува дека нашата дипломатија спие“.

Јас би додал дека и вонвладините организации во републиката, како СМК и организациите во дијаспората, како што е ОМД, ја спласнаа активноста на оваа тема, да се прави постојан прикладен притисок, врз Федералната влада на Австралија и нејзините институции, да го признаат и званично уставното име на Македонија. Затоа ние во Австралија самите сме си виновни, бидејќи имаме голем број на интелектуалци, кои го владеат одлично англискиот академски јазик и кои имаат прилика да ги пласираат барањата на точна адреса, за да се евидентираат и за да се реши тој акутен и актуелен проблем, во наша македонска и австралиска корист.

Во дијаспората имаме интелектуални сили, да и понудиме на актуелната власт на Република Македонија, да ги издејствува признанијата на останатите држави во светот, кои сеуште не го признале уставното име на Македонија.

Според Игор Павловски тие држави се следните: Република Чиле, Принципат Андора, Боцвана, Косово, Фиџи, Сириската Арапска Република, Република Зимбабве. Ќе ја додадам и Албанија, а има и други држави.

Немам намера никого од македонските организирани субјекти во Австралија да го критикувам, иако за тоа постојат извесни факти, напротив имам добронамерни сугестии предлагање факти за отпочнување на посериозна преокупација за интелектуална соработка за одбрана на уставното име на Македонија.

Првенствено македонските интелектуалци од Прва, Втора и Трета генерација на македонските иселеници во Австралија, кои го владеат македонскиот литературен јазик, а доволно и многу добро и академскиот англиски јазик, треба да се вклучат во меѓусебна соработка, каде ќе ги застапуваат сите македонски иселеници и нивните организирани субјекти. За да се оствари таа соработка од масовен карактер, треба да се оформи и соодветно огранизационо македонско национално тело во Австралија. Одбор или Комитет што ќе се раководи од претставници, пред сеж интелектуалци, кои и преку своите професии во секојдневието, ќе лобираат по дипломатска линија, при позначајни настани, каде се третираат етничките проблем и потреби на мултикултурното и мултиетничкото општество во Австалија.

Би бил почестен ако такви македонски интелектуалци кои ги читаат овие редови, воспостават контакти со мене, со предлози за обликот на таква организација за уставот и правилник за активност, како и со предлози за имиња на личности кои би сакале да се оснива тоа национално македонско тело.

Пред неколку години, предложив да се оснива Македонско Австралиски Национален Комитет (МАНК). Деновиве е тоа остварливо, зошто отпочнуваат меѓусебни контакти на досега завањени опозициони групи и поединци Македонци во австралиското општество. За да се успее, потребна е меѓусебна толеранција, а пред се и самокритички приод кон досегашните несогласувања, кои го кочеа напредокот и промоцијата на македонскиот национален карактер, а со тоа и признавањето на уставното име на Македонија, баш од страна на нашите политичари за кои го дававме својот глас на изборите во Австралија!

Автор: Јанко Томов