Македонија,Економија

Уретен: Планираме нова инвестиција во Македонија

Уретен: Планираме нова инвестиција во Македонија

Сопственикот на фирмата „Смирна Парс“, Ридван Уретен кој присуствуваше на бизнис форумот во Ескишехир, Република Турција, каде македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски ги презентираше поволностите кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции, изјави дека одлучиле да инвестираат во Македонија поради условите кои ги нуди македонската Влада.

Фирмата „Смирна Парс“ започна со инвестирање во областа на земјоделието во Битола.

– Ние бевме многу добро пречекани и добивме добри информации од владините институции. За нас Македонија е стратешко место бидејќи оттаму многу полесно и побрзо стигаме во Европа и можеме да ги пласираме на европскиот пазар, изјави Уретен.

Тој објави дека освен првичната инвестиција поради добрите услови и резултати за водење на бизнис компанијата планира ново проширување.

– Нашата прва инвестиција во Македонија е во Битола, сега планираме купување на земјиште во Могила и Новаци, а после тоа да се прошириме и во Росоман. За цел имаме создавање на нови садници со земјоделски производи и изградба на откупно дистрибутивни центри. Ова е инвестиција во земјоделието, изјави Уретен .

Тој упати и порака до останатите инвеститори во Турција да инвестираат во Македонија.

– Јас верувам дека откако ќе ги видат условите кои ги нуди Владата на Р.Македонија ќе има многу турски инвеститори коишто ќе инвестираат во Македонија, заклучи Уретен.