Урнат авион со над тон кокаин пронајден во Венецуела

Близу еден тон кокаин откри полицијата во Венецуела по уривањето на мал авион во централниот дел на земјата, јави ТАСС, повикувајќи се на обвинителството.

На местото на несреќата откриени се тела на три лица, кои ја пренесувале шверцуваната стока.

Според истрагата, авионот паднал во четвртокот на територијата на едно од приватните поседи во државата Кохедас.

Засега не е утврдено од каде била доставена дрогата, ниту за каде била наменета.