Урнат најголемиот споменик на Ленин во Украина

Неколку стотини демонстранти вчеравечер на плоштадот во центарот на Харков го урнале најголемиот споменик на Владимир Илич Ленин во Украина.

Бронзената статуа на Ленин, висока 8,5 метри, била урната од активистите на митингот за единство на Украина. Тие прво го сечеле соелектрични брусилки, а потоа бил урнат со сајли и еден кран.

Активистите скандирале проукраински пароли и слогани, а новинарските агенции соопштуваат дека била видлива сценографијата на десничарската организација „Десен сектор“.