Уролозите не можат да го сошијат младиот кочанчанец кој се самокастрираше

Депримиран од врската со неговата девојка, која повторно останала разочарана од него, 22-годишен кочанчанец вчера околу пладне си го пресекол половиот орган.

За среќа, бизарниот чин проследен со обилно крварење навреме го забележале неговите блиски, по што итно е префрлен прво во кочанската, па потем во штипската Клиничка болница.

Според информациите што ги доби Канал 5, од страна на дежурните уролози, обидите отсеченото парче да го зашијат не дал позитивен резултат.

Ова е втор слуај на отсекување на полови орган во источниот регион и во Македонија.

Претходно, слична одлука донесе и 40 годишен радовишанец, но тој отиде дотаму што пресечениот дел го фрли во WC шолјата , а потоа пушти и вода. За да си ги врши нормално физиолошките функции, лекарите во Скопје мораа да му вградат специјално цевче.