Уругвај ја легализираше марихуаната

Уругвај и официјално стана првата земја во светот која ја легализираше трговијата со марихуана.

По 12-часовна дебата Сенатот го изгласа законот поддржан од Владата, кој во сила ќе стапи за 120 дена.

Според законодавството, потрошувачите ќе можат да купат најмногу 40 грама секој месец од лиценцирани аптеки, но само ако се жители на Уругвај на возраст над 18 години и регистрирани во Владината база на податоци која ќе ги следи нивните месечни купувања. Уругвајците ќе бидат во можност да растат шест растенија марихуана во своите домови или 480 грама годишно и да формираат клубови за пушење од 15 до 45 членови кои ќе можат да пораснат до 99 растенија годишно.

Владата на Уругвај смета дека нивниот закон ќе биде пример за другите земји кои водат дебати за легализирање на марихуаната.