Уругвај може да го укине легализирањето на марихуаната

Претседателот на Уругвај, Хозе Мухика, вети дека ако како резултат на легализирањето на марихуаната нејзиното користење стане неконтролирано, тоа властите ќе ја прогласат лесната дрога за нелегална, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на латиноамериканските медиуми.

Се очекува уругвајскиот Сенат да го разгледа законот за легализација на марихуаната на 10 декември. Долниот дом на парламентот го одобри законот во средината на оваа година. Ако Сенатот го усвои законот, документот ќе стапи во сила веднаш, откако тој биде потпишан од претседателот на земјата.