Уругвај супериорен против Русија, Саудијците подобри од „Фараоните“

Фудбалерите на Уругвај супериорно го освоија првото место во Групата А на Светското првенство откако во Самара во понеделникот ја совладаа домашната Русија со 3:0 (2:0), додека во вториот дуел од истата група кој се играше во истиот термин во Волгоград, Саудиска Арабија беше подобра од Египет со 2:1 (1:1).

Уругвајците ја забележаа и третата победа во групната фаза на мундијалот со лесните 3:0 против Русија. Луис Суарез од слободен удар во 10 минута ги доведе Уругвајците во водство, додека во 23 минута Денис Чернишев постигна автогол. Во 90 минута победата ја потврди Единсон Кавани. Русите покрај рано примениот погодок, имаа пех што од 36 минута играа и со играч помалку, откако поради два жолти картона беше исклучен Игор Смолников.

Саудиска Арабија го совлада Египет со 2:1 со гол буквално во последната секунда од мечот. Египќаните поведоа со голот на нивната најголема ѕвезда Мохамед Салах во 22 минута, а набрзо потоа тој не реализираше уште едена стопроцентна шанса кога изби сам пред противничкиот голман и го префрли но не го погоди голо. Во 35 минута и Трезеге не реализираше добра ситуација по проигрување на Салах, Саудијцата израмнија преку Салман ал-Фараџ од пенал во седмата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Претходно Саудијците имаа уште еден пенал, но египетскиот голман Есам ел-Хадари кој на овој меќ со 45 годи, 5 месеци и 10 дена стана највозрасниот играч кој настапил на светско фудбалско првенство, го запре шутот на Фаред ал-Мутавалед. Во петтата минута од судиското продолжување на второто полувреме, пак, Салем ал-Давсари од волеј им ја донесе победата на Саудијците.

Уругвај е прв во групата со максималните 9 бодови, Русија освои 6, Саудиска Арабија – три, а без бодови остана Египет.