Македонија

Уште 618 мигранти добија потврди за барање за азил

Уште 618 мигранти добија потврди за барање за азил

Уште 618 илегални мигранти добија потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден.

Во периодот од 19.06.2015 до 14.07.2015 година, или за речиси еден месец, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, издадени се потврди на вкупно 12.793 странски државјани.

Од нив 9.761 се од машки пол, 1.623 се од женски, 1.317 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-9.091, потоа Авганистан-1.077, Ирак-707, Пакистан-458, Сомалија- 356, Палестина-331, Конго-248, Камерун-100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.07.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 32 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.07.2015 година се евидентирани вкупно 36 баратели на азил, од кои 27 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 7 баратели на азил се малолетни лица.

Од присутните баратели на азил во ЈУ Прифатниот центар, не се регистрирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил како и малолетни лица без придружба на старател.

Во периодот од 07.00 ч.на 13.07.2015 до 07.00ч на 14.07.2015 извршена е дезинфекција на:

– 800м2 вагони од страна на ЦЈЗ Скопје

– 1500м2 дезинфекција на прифатен центар за азиланти Визбегово

– 800м2 вагони и 200м2 површина на жел.станици Куманово и табановце од страна на ЦЈЗ Куманово

– 2500м2 во Гевгелија ,површина на жел.станица, автобуска, перони, тротоари и простор каде престојуваат во околината  и полициски возила

– Општа Болница Гевгелија пружена здравствена услуга на 3 мигранти во дневна болница

Мобилните екипи на Црвен крст лоцирани во Гевгелија и Табановце, укажаа медицинска помош на вкупно 126 лица, од кои 32 во Табановце и 94 во Гевгелија. Реализирани се 3 транспорти до општата гевгелиска болница (2 бебиња и 1 инвалидизирано лице). Ниту едно лице не е задржано на лекување.

До 17 часот, дистрибуирани се: 168 шишиња вода, 22 кутии бисквити, 9 ќебиња, 8 пакувања пелени, 7 пакувања хигиенски влошки, 3 УНФПА пакети..